Награди за најдобар есеј „Ацо Караманов“


На Натпреварот  за најдобар есеј „Ацо Караманов“ учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија ги освоија првите три места:

I место: Ивана Јованова – ментор Александра Ќаева

II место:Aтанас Атанасов – ментор Жаклина Атанасова

III место: Сани Раденлиева – ментор Бисерка Гунова

Темата на која пишуваа беше „Влијанието на социјалните мрежи и интернетот врз јазичниот израз на младите“. Наградниот конкурс за есеј „Ацо Караманов“се одржува во рамките на Државните натпревари по предметот Македонски јазик и литература за учениците од средното образование. Го организира и спроведува Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Во рамките на Државните натпревари се одржува и Рецитаторски натпревар. Ученичката Марија Павлоска влезе во финалниот круг од овој натпревар, ментор Бисерка Гунова.

Comments

comments

Check Also

Награда на конкурсот за есеј на тема: „Либерти Валанс: Правото на силата или силата на правото“

СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија и оваа година учествуваше на осмото издание на Филозофскиот Филмски Фестивал  организиран …

Powered by keepvid themefull earn money