„Молекуларна гастрономија“- најдобро реализиран проект

На Валоризационата конференција на Националната агенција за европски програми и мобилност што се одржа на 19.12.2016год. во хотел „Континентал“, Скопје проектот „Молекуларна гастрономија“ на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија беше прогласен за најдобро реализиран проект.

Проектот вклучи мобилност на 22 ученика и тројца ментори во угостителското училиште во Шибеник и опфати три дисеминации на стекнатите знаења и вештини.

„СОУ „Јосиф Јосифовски-Гевгелија“ е  во мрежата на европски училишта кои успешно реализираат проекти од програмата Еразмус+ и се дел од практична обука во партнер-организации од Европа. Училиштето досега има реализирано четири проекти, дел од програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски програми и мобилност, а ова не е прв пат да бидеме вреднувани за најдобро реализиран проект. Овој проект е од големо значење затоа што молекуларната гастрономија е синоним за уникатен модерен светски тренд во светот и вклучува гастрономска понуда која е во зачеток во Македонија.

Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со успешна реализација на проекти од програмата Еразмус+ на Националната агенција за европски програми и мобилност со цел учениците се стекнат со европско искуство и ги зголемат своите професионални компетенции за пазарот на трудот.“ –  изјави директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, г-н Борче Нечевски.

Провери го и ова!

Резултати од второ пријавување за упис во прва година 2020/21

Best free WordPress theme

Powered by keepvid themefull earn money