Матурски танц 2017


Околу 200 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија под менторство на професорката Виолета Аризанова, точно на пладне во петок ќе го заиграат матурскиот кадрил на шеталиштето во Гевгелија.

Пред почетокот на матурскиот танц на плоштадот во Гевгелија  ќе се организира хуманитарна активност на средношколската организација при СОУ „Јосиф Јосифовски” од Гевгелија по повод Меѓународниот ден на семејствата. Средношколците ќе делат позитивни пораки за сeмејствата, а граѓаните ќе можат да донираат средства кои ќе бидат наменети за семејства во социјален ризик.Настанот е во соработка со ОО на Црвен крст-Гевгелија и ќе трае од 11  до 12  часот.

Официјалниот дел од програмата ќе почне во 11.40 часот. Ќе следува директно вклучување на Радио Словенија од каде ќе се преземе музиката од Штраусовата опера „Лилјакот” на која матурантите точно во 12 часот во сите градови учесници на манифестацијата ќе го танцуваат кадрилот.

 Заедно со матурантите од Македонија, ќе заиграат кадрил и матуранти од 15 европски држави и 120 градови.

Ве очекуваме!

Comments

comments

Check Also

Информации за запишување ученици во учебна 2018/2019година

Информациите за запишување на ученици во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во учебната 2018/2019 година може да …

Powered by keepvid themefull earn money