Матурски танц 2016


180 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски„ од Гевгелија под менторство на професорката Виолета Аризанова, точно на пладне во петок ќе го заиграат матурскиот кадрил на шеталиштето во Гевгелија.

Официјалниот дел од програмата ќе почне во 11.40 часот. Пред почетокот на матурската парада матурантите ќе дадат изјава за ненасилство со што оваа манифестација придонесува за зајакнување на толеранцијата меѓу младите и повисоки цивилизациски вредности, по што ќе следува директно вклучување на Радио Словенија од каде ќе се преземе музиката од Штраусовата опера „Лилјакот” на која матурантите точно во 12 часот во сите градови учесници на манифестацијата ќе го танцуваат квадрилот.

 Заедно со матурантите од Македонија, ќе заиграат кадрил и матуранти од 15 европски држави и 120 градови.

Comments

comments

Check Also

Успех на интернационален гастрономски фестивал „COOK AND SERVE 2019“

На интернационалниот фестивал „COOK AND SERVE 2019″ што се одржа на 10.5.2019год.  во Штип,  учениците …

Powered by keepvid themefull earn money