Кенгур без граници – 2015


Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ учествуваа на меѓународниот натпревар во математички знаења „Кенгур без граници – 2015“ кој се одржа на 19.03.2015 во просториите на училиштето. Целта на натпреварот е зголемување на интересот за математиката и природните науки, степенот на логичкото размислување, разбирање на текстуални задачи и примена на математичкото знаење.

Во рамките на натпреварот преку 6 милиони ученици од целиот свет, сега во преку 50 држави, во исто време размислуваат за исти проблеми и решаваат исти задачи. Македонија преку Сојузот на математичарите на Македонија е членка на меѓународната асоцијација „Кенгур без граници “ чие седиште е во Париз.

На натпреварот во СОУ „Јосиф Јосифовски“ учествуваа 45 ученика во две нивоа: 27 ученика од прва и втора година во првото ниво и 18 ученика од трета и четврта година во второто ниво. Резултатите од истите ќе можат да се видат во месец мај на веб страната на соузот www.smm.org.mk .
Дипломите и пофалниците што се добиваат од овој натпревар беа вреднувани при уписите во средните училишта и на некои факултети, посебно на универзитетите во странство.

Comments

comments

Check Also

Второ и трето место на „Лидер на струка“ за угостителско-туристичка струка

На 5.12.2018год. ( среда ) во СОУ „ Коле Нехтенин “ – Штип се оддржа натпреварот …

Powered by keepvid themefull earn money