Државен натпревар „Лидер во економско-правна и трговска струка“

На 30.11.2015год. ( понеделник)  се одржа државниот натпревар „ЛИДЕР“ на економско-правна и трговска струка во СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија.

Проектот „ЛИДЕР НА СТРУКА“ е поддржан од страна на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука. Натпреварот прв пат се оддржа минатата година, каде ученичката Душица Динова под менторство на професорката Снежана Кичукова беше прогласена за Лидер во економско-правна и трговска струка.  Ова е вториот избор на лидер во економско-правна и трговска струка.

Учествуваат 12 државни училишта и 27 ученици. Учесници се ученици кои се најдобро рангирани на училишните натпревари, кои се реализираа во претходните фази и се всушности од четиритее профила во економско-правна и трговска струка- економски техничар, правен техничар, деловен секретар и банкарски техничар.

Целта е учениците да ги покажат своите знаења и способности , да се оценуват и вреднуваат нивните компетенции. Најдобрите рангирани во трите области ќе се стекнат со титула „ЛИДЕР“ во струката, а воедно и менторот ќе биде награден со соодветно признание.

Провери го и ова!

Успех за Ана и Нела на Регионалниот натпревар по математика

На регионалниот натпревар по математика што се одржа на 8 февруари 2020 година, во гимназијата …

Powered by keepvid themefull earn money