ДОВИДУВАЊЕ УЧИЛИШТЕ ДО СЕПТЕМВРИ


За околу 280.000 основци и средношколци денеска завршува учебната 2014/2015 година и почнува летниот распуст. Летниот распуст започнува и за околу 2500 ученици од гевгелиските основни училишта и средното училиште.

Воедно, денеска е и последниот ден од годинашното екстерно тестирање, со кое во изминатите девет дена беа опфатени вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Матурантите ги очекува полагање државна матура кое почнува утре со тестирањето по мајчин јазик и литература.

За полуматурантите, пак претстои запишување во средно образование кое е задолжително. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 22-ри и 23 јуни.

За таа намена, тимот на gvglive.mk во соработка со информатичкиот тим при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија изработија калкулатор каде што можете да си ги пресметате вашите бодови за упис во средното училиште.

 

Comments

comments

Check Also

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во периодот од 15.1.2019год. до 31.12.2019год. ќе се изведуваат градежни работи на западното крило од училишниот …

Powered by keepvid themefull earn money