Дисеминација на проектот„Молекуларна гастрономија“


На 21.04.2016 год. ( четврток) во пицерија „Уно“ беше организирана дисеминација на стекнатите знаења од проектот „Молекуларна гастрономија“, трет успешен проект на училиштето во рамки на програмата Еразмус +, со поддршка на Националната агенција за европски програми и мобилност.

Присутните гости имаа можност да  присуствуваат на презентацијата за молекуларна гастрономија и да дегустираат оригинални специјалитети од оваа нова гранка во гастрономијата.

 „Како современ стил на готвење што се користи во многу професионални кујни, проектот за молекуларна гастрономија овозможи учениците да се стекнат со вештини за истражување, применување на физичките и хемиските трансформации на состојките коишто се случуваат за време на готвењето.

Целта на проектот опфати и експериментирање со постоечките рецепти, како и креирање на нови рецепти, а воедно и имплементирање на технички иновации во готвењето. Постои очигледна потреба од квалификација и обука во областа на гастрономијата, а соодветните модули на практична обука и концепти на проектот ќе ја надополнат постоечката обука и ќе ги подобрат кариерните можности и придобивки за развој. “, изјави директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија  Борче Нечевски.

Comments

comments

Check Also

Информации за запишување ученици во учебна 2018/2019година

Информациите за запишување на ученици во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во учебната 2018/2019 година може да …

Powered by keepvid themefull earn money