Второ место за СОУ Јосиф Јосифовски на натпревар за нано-материјали


На Технолошко- металуршкиот факултет во Скопје се одржа регионалниот натпревар за – „Нано материјали-материјали на иднината “, наменет за средношколци од целата земја.

Имено, досега пријавените 150 проекти од средношколци од целата земја во следниот период се натпреваруваат на седум регионални натпревари, а државниот натпревар ќе се одржи во мај, кога ќе бидат избрани победничките тимови.

На регионалниот натпрвар учениците Јован Делиманов и Викторија Јовановска од СОУ„Јосиф Јосифовски“ го освоија второто место на темата: „Квантна нано-точка“.

Целта на овој натпревар е средношколците подетално да се запознаат со науката за материјали, со новите технологии, нано технологиите и да стекнат желба за изучување на техничките науки.Натпреварот „Наноматеријали – материјали на иднината “, кој се одржува по четври пат, е во организација на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје под покровителство на Министерот за образование и наука на Република Македонија.

Comments

comments

Check Also

Успех на регионален натпревар по физика

На 09.03.2019 година во СОУ„Гоце Делчев“-Валандово се одржа 52-от Регионален натпревар по физика. Учениците од …

Powered by keepvid themefull earn money