
ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ


Оваа подрачје од дејноста на училиштето има мошне широка содржина како и форми и патишта за вклучување на учениците од I до IV година. Самата организација на воннаставните активности има суштинско значење во воспитно-образовната дејност на училиштето. Се поаѓа од сознанието за мошне значајниот период од развојот на учениците за нивната насоченост и интереси за изградување на основите на училишна култура за поттикнување на естетските вкусови и желби за позабрзан физички и умствен развој.
Слободни ученички активности
Првото подрачје за проширувањето на знаењата опфаќа проектни активности
преку кои учениците се стекнуваат со продлабочени знаења по одделни
предмети како истражување по одделни содржини за кои учениците са посебно
заинтересирани.
Проектните активности освен што влегуваат како посебно подрачје во
наставниот план имаат цел да обезбедат активен однос на учениците во однос
на нивната реализација овозможувајчи креативност и изразување на афинитетите
и индивидуалните способности.
Проектните активности ќе се реализираат во рамките на Училиштето и
институциите од Општината.
Второто подрачје (слободно-културно-уметнички активности) опфаќа секции преку кои учениците можат да го развијат својот уметничко креативен дух преку убавиот пишан збор, сликањето, песната, драмата, новинарството и слично. Учениците како и досега активно ќе се вклучат во манифестациите и програмите во Опчтината организирани по посебни поводи како 7 Ноември, Нова година, 8 Март и слично.
Третото подрачје (слободно-спортски активности) опфаќа проектни активности кои учениците имаат можност да го развијат спортскиот афинитет кон некои дисцплини. Во оваа подрачје имаме помош и од локалната средина, во превоз на учениците кога е во прашање државен натпревар или афирмација на училиштето надвор од општината.
Екскурзии, посети и други активности од областа на културата, спортот, туризмот и слично
Екскурзиите претставуваат посебна форма на воспитно-образовна работа со која на организиран начин се прошируваат општите и стручните знаења на учениците и се запознаваат со природните убавини и културно-иториските знаменитости во поблиската и пошироката заедница.

почеток
сите права се задржани. ©
УЦ "Јосиф
Јосифовски" 2004