
МЕТАЛСКО УЧИЛИШТЕ – МАШИНСКА СТРУКА

Пред
формирањето на Металското училиште (како прво стручно училиште во нашата
општина) успешно работело училиштето за ученици во стопанството “Ристо Поп-
Ристов“ каде што учениците се оспособувале за разни занаети: шивачи,
автомеханичари, механичари, електричари, пекари, бербери, столари, слаткари,
текстилни работници за филатурата (фабрика за природна свила).
За потребите на
стопанството 1963 година е формирано металското училиште “Ристо Поп –
Ристов“. Во почетокот ова металско училиште требало да ги задоволи потребите
на фабриката за алати од Гевгелија која во тоа време работела за
Електронската индустрија од Ниш. Во училиштето имало ученици од разни
профили: алатничари, бравари, металостругачи, брусачи (фрезачи),
металоглодачи, заварувачи и друго. Овие ученици до соединувањето со
гимназијата “Јосиф Јосифовски“ во 1975 година и извесно време потоа, на
часовите од практична обука изработувале предмети за потребите на граѓаните.
До формирањето на Училишниот центар металското училиште подготвувало кадри и
за потребите на Заводот за вработување кои потоа ги праќале на работа во
Германија, Франција и Австрија.
За разлика од
денес, условите за прием на ученици во металското училиште биле поинакви.
Учениците морале да задоволуваат одредени критериуми: висина, тежина, а исто
така комисиски полагале приемен испит од предметите физика и математика.
Во металското училиште “Ристо Поп-Ристов“ биле формирани и текстилни паралелки со двегодишно теоретско изучување и пракса наменети за потребите на памучната текстилна предилница која била во изградба и која требала да работи во просториите на некогашната фабрика за керамика. Тоа биле истурени паралелки на средното текстилно училиште од Штип. Во првата генерација биле примени околу 100 ученици, а следната година околу 50. Учениците биле оспособувани за разни струки: влачење, предење и друго. Овие ученици заедно со мајсторите учествувале во монтирањето на погонот за памучна вата “Вигонка“, којшто бил составен дел на фабриката “Македонка“ од Штип. Во оваа фабрика учениците од текстилните паралелки изведувале пракса во текот на летниот распуст која траела цел месец.
Денешната
машинска струка во УЦ “Јосиф Јосифовски“ отвора можност за образование на
ученици од следните профили и занимања: машински техничар, металостругар,
металоглодач и бравар.
За да можат
успешно да се остварат целите и задачите на наставниот план и програми за
стручно образование училишниот центар има соодветен наставен кадар,
работилници за изведување на практичната обука и кабинети за теоретска
настава. Потприајќи се на сопствените ресурси, наставен кадар, и
материјално-техничките услови, како и долгогодишното искуство,
Училиштето
овозможува развивање на креативен, самостоен и стручно оквалификуван ученик,
способен успешно да се вклучи во стопанството или да го продолжи своето
образование на
универзитетски
студии.

Број на ученици запишани во учебната 2004-2005 година
|
|
Прва година |
Втора година |
Трета година |
Четврта година |
|
Машински техничар |
30 FARE програма |
34 FARE програма |
28 |
30 |
|
Металостругари,металоглодари и бравари |
24 |
22 |
21 |
/ |
|
Вкупно |
54 |
56 |
49 |
30 |
почеток
сите права се задржани. ©
УЦ "Јосиф
Јосифовски" 2004