почеток

 

Природни 

науки Уметност Спорт и 

спортски 

активности Јазици Македонски 

јазик и 

литература

ЛИТЕРАТУРНА СЕКЦИЈА

Во УЦ „Јосиф Јосифовски“ успешно работи Литературната секција. Плејада млади таленти го осмислуваа своето слободно време и го афирмираа своето училиште во Македонија и надвор од нејзините граници.

Младите творци секогаш беа во дослух со сопствената татковина, својот народ и мајчиниот јазик. Низ оваа секција тие се подготвуваа за идното образование и за идниот живот, ги осмислуваа своите светови, ја изградуваа својата креативна личност. Работеа, твореа, создаваа светови. На патот до своето самоискачување младите литерати знаеја дека „вистината на врвот му се открива само на оној кој до него стасува“ (Ферид Мухиќ).

Членовите на Литературната дружина се носители на следниве награди:

Прва награда на Мајскиот фестивал за млади поети

Слободанка Ѓорѓиева

Ментор: Ристо Терзиев 

1975, Литературната дружина прогласена за најдобра во Македонија

1977, Струшки вечери на поезијата – Млада Струга

Магдалена Касапова

Ментор: Илија Карајанов

1992, Крива Паланка,  Прва награда на конкурсот “Ацо Караманов“

на тема “Фолклорните елементи во драмите на Васил Иљоски“

Јованка Дучкова

Ментор: Љубица Мишкарова

1993, Втора награда на Републичкиот конкурс посветен на Ѓоргија Пулевски Билјана Ристова

Ментор: Илија Карајанов;

1994, Охрид, Прва награда на конкурсот на Педагошки завод на Македонија на тема “Мојата визија за идното образование“

Билјана Ристова

Кристина Димова

Ментор: Илија Карајанов

Битола, Прва награда на литературниот натпревар за најдобра песна

Цвета Велкова

Ментор: Ристо Гунов

1998, Битола, Прва награда на конкурсот “Ацо Караманов“ за творба посветена на творештвото на Ацо Шопов

Панче Панов

Ментор: Илија Карајанов

1998, Турција, Меѓународна прва награда на конкурсот посветен на Кемал Ататурк

Ивана Милевска

Ментор: Илија Карајанов

Ученичката со менторот добија дипломи и сребрени плакети од Министерот за образование на Турција, Хикмет Улукбај, како и десетдневен престој во Турција.
1998, Гевгелија, учество на Петти поетски карван
Емилија Петровиќ
Тања Ќуркчиева
Ментор: Љубица Мишкарова

1998, Скопје, Петти поетски фестивал

Елена Букршлиева
Ментор: Даниела Џишева
 

1999, Втора републичка награда на конкурсот распишан од МАНУ, фондот “11 Март 1943“, за најдобра тема посветена на хуманизмот и универзалните човечки вредности

Блашко Смилков

Ментор: Илија Карајанов
Поетски средби за средношколци - Струмица 1999:

Добрила Костенарова
Ментор: Даниела Џишева
 

2000, Втора награда на конкурс за најдобра литературна творба на тема “Правата на децата“ распишан од Италијанскиот совет за солидарност и УНИЦЕФ

Маја Никова

Ментор: Илија Карајанов
2000, Прилеп, Државен поетски натпревар за средни училишта - гимназиско образование

Прво место - Елена Букршлиева
Второ место - Добрила Костенарова
Ментор: Даниела Џишева

2000, Радовиш, 12 Државен натпревар по македонски јазик и литература за средно образование на конкурсот „Ацо Караманов“, на тема “
Основноположничкото во делото на Чернодрински“
Прво место: Делева Живка
Ментор: Тони Аврамов
„Придонесот на Блаже Конески за македонскиот јазик“
Второ место: Петровиќ Емилија
Ментор: Љубица Мишкарова
2004 Претор, 15 Државен натпревар по македонски јазик и литература за средно образование на конкурсот “Ацо Караманов“
Второ место: Стојкова Стојна

Ментор: Тони Аврамов