
ЛИКОВНА СЕКЦИЈА

Актуелноста на наставното ликовно подрачје е поврзана со развиената свест на младите за потребата од практични и теоретски сознанија и искуства, како од чисто ликовни подрачја, така и од производното мултипликативно творештво од присутноста на визуелното во младите. Потребни се современи форми и едукативен материјал за развивање на критички и компаративен однос кон естетското и естетичноста. Ова е проблем кој не се решава во континуитет, со користење и селекција на искуства однадвор во соработка со асоцијации. Целта на Членувањето во ликовната секција е учениците (членови) да преминат на творештво кое покрај доживувањето содржи и интелектуални карактеристики
Покрај настојувањата за класичен израз, во активностите на ликовната секција, присутни се и тенденции кои имаат допирни точки со современата уметност „експеримантална“.
Сето ова е во ред затоа што ликовното образование треба да компарира со современата уметност во духот на развојот на ликовното творештво.

Признанија за училиштето:
УЦ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија - Најуспешна колекција 1997;
УЦ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија - Најуспешна колекција 1998;
УЦ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија - Најуспешна колекција 2000;
УЦ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија - Најуспешна колекција 2001;
УЦ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија - Најуспешна колекција 2002;
Ментор: Драги Хаџи-Николов
почеток
сите права се задржани.
©
УЦ
"Јосиф
Јосифовски" 2004