почеток

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Во учебната 1994/95 година директорот на УЦ „Јосиф Јосифовски“, Петко Смилков, беше иницијатор за покренување на издавачка дејност во рамките на училиштето - Истражувачки хоризонти.
Беа подготвени и објавени следните дела од нашите професори:

1        
„Зафир Хаџимитров - ликовен уметник и педагог“ ( монографија ) од Илија Карајанов
2        
„Декоративни дрвенести растенија во Гевгелија и околните места“ од д-р Митко Караделев и Ани Костадинова
3        
„Лигниколни габи на планината Кожув“ од д-р Митко Караделев
4        
„Обичајни песни во Гевгелиско и Валандовско“ од Атанас Атанасов“
5        
„Занаетчискиот живот и обичаите во Гевгелија“ од Ристо Гунов.

 

 

 

 

 

 

Овие изданија беа промовирани од советникот по македонски јазик Илија Неделков - Ограјски на патрониот празник во април 1995 година.

 

 

Издавачката дејност продолжува со објавување поетски дела од наши ученици.Беа објавени следните стихозбирки:“Ѕвезда без сенка“ од Натка Петрушева, објавена 1996 година;“Далечини“ од Каменка Динова, објавена 1997 година;“Игра на клепките“ од Марија Шуклева, објавена 1999 година;“Убавината на неизреченото“ од Донка Галовиќ, објавена 1999 година;“Плачот на ангелот“ од Бошко Бозаџиевски, објавена 1999 година;“Здраво-каде живееш“ од Ристе Алексовски, објавена 1999 година;“Божица“ од Маја Танелова, објавена 2000 година;“Ѕвезди на дното“ од Марија Џалева, објавена 2002 година.

     

Монографија за 50 години гимназиско образование во Гевгелија издадена 2003 година

Информатор на организациониот одбор за јубилејот 40 години полна гимназија