почеток

 

Природни 

науки Уметност Спорт и 

спортски 

активности Јазици Македонски 

јазик и 

литература

МУЗИЧКА СЕКЦИЈА - ХОР

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Хорското пеење заизворува од древните народи како исконски порив да се искачат магиско - ритуалските ставови на човекот. Како ехо допираат до нас Давидовите псалми, молитви и пофални песни од Палестина, благозвучните напеви од Месопотамија, Асирија и Вавилон, хорските песни од Античка Грција, како и првата македонска литургија од Атанас Бадев.
Во почетокот на ХХ век од Солун во хорот на женската егзархиска гимназија членувале 10 ученички од Гевгелија.
По ослободувањето (1945 година) во нашиот град е формиран градски хор, а потоа и оркестар.
Уште во самото формирање на нашата гимназија во далечната 1952 година покрај другите дејности се формираше и мешан младински хор. Диригент на тој хор беше музичкиот педагог, наставникот Александар Поповски, кој со своето успешно владеење на хорот освои и повеќе награди и признанија на државните хорски смотри кои се одржуваа во Кавадарци секоја втора година, почнувајќи од 1966 година. Хорот исто така настапуваше и на сите манифестации на УЦ „Јосиф Јосифовски“ со кој работи музичкиот педагог Атанас Атанасов.
Тој ја продолжи традицијата на успешните настапи на хорот на сите градски манифестации и учества на државните хорски смотри на младински и детски хорови. Секоја учебна година одреден број на ученици, обично околу 70 активно и организирано ја реализираа зацртаната програма кои овој хор ги изведе пред публиката во Гевгелија и на државните натпревари, од голем број домашни и странски автори, почнувајќи од ренесансата па наваму. Исто така хорот има широк репертоар на духовни композиции, па имаше настапи и во нашите цркви за божиќните и велигденските празници.


Хорот ги освои следните награди на државните натпревари во Кавадарци:


Во 1990 година освои бронзена плакета (Атанас Атанасов)
Во 1992 година освои сребрена плакета (Атанас Атанасов)
Во 1994 година освои сребрена плакета (Атанас Атанасов)
Во 1996 година освои сребрена плакета (Атанас Атанасов)
Во 1998 година освои сребрена плакета (Илија Атанасов)
Во 2000 година освои сребрена плакета (Атанас Атанасов)
Во 2004 година освои сребрена плакета (Илија Атанасов)


Хорот доби златна плакета како 7-мо Ноемвриска награда на градот Гевгелија по повод денот на ослободувањето во 1995 година под раководство на професорот Атанас Атанасов.