
Лична карта на СОУ „Јосиф Јосифовски“

Училишната зграда во изградба
Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ е лоциран на ул. „Македонија“ бр.2 во
центарот на Гевгелија и се простира на површина во делот под згради на 6.582
m2. Центарот располага со дворна површина од 13.000 m2,
отворено игралиште за мал фудбал и кошарка со површина од 1.800 m2.
Училиштето располага со ресторан кој служи за изведување на професионална
пракса на учениците од угостителската струка, но и за одржување на веселби,
семинари, коктели и слично.
За
потребите на машинската струка постојат неколку работилници исто така за
изведување на професионална пракса.
Во сите
изминати години на своето постоење, училиштето книжниот фонд го збогатувал
со стручна литература која е сместена и класифицирана во училишната
библиотека, која денес располага со 10.012 книги.
Гимназиско образование
Во 1976 година
во Гевгелија во средното училиште се формирани гимназиски паралелки.
Потребата од оспособување и образување на учениците за општообразовни е
задржана до денес.
Целите
на гимназиското образование се огледаат во развивањето на индивидуалните и
интелектуалните способности на учениците, како и развивање на
хуманистичките, моралните, естетските и граѓанските вредности на личноста.
Гимназиското образование овозможува подемократски пристап во
презентирањето на идеите и креативниот дух на учениците, посебно во
изнаоѓањето начин како полесно да им се пристапи на животните предизвици.
Целите
на гимназиското образование се конкретизираат во усвојувањето на знаењата и
развивањето на способностите кои им се потребни на учениците за продолжување
на своето школување на високото образование како и развивањето на научниот
поглед кон светот.





почеток
сите права се задржани. ©
СОУ "Јосиф
Јосифовски" 2004