
Гевгелија

Гевгелија за градска населба е прогласена во 1886 година, но нејзините корени од досегашното истражување укажуваат на постоење и развиток на култури кои се негувале во текот на милениумите. Археолошките ископувања на локалитетите “Сува Река“, “Парагон“, “Милци“ и “Вардарски Рид“, како и во делови на градот укажуваат дека на ова подрачје живеел народ кој негувал своја автохтона материјална и духовна култура.
Својот темпераментен дух, гевгеличани низ годините на развојот, креативно го надополнуваат со постоењето на неколку традиционални културно-уметнички манифестации: Фестивал на детска песна “Калинка“, Поетско-музичка манифестација “За тебе љубов моја“, Ликовна колонија “Дојрана“, Ден на шегата “Априлијада“, Коледарски хепенинг и други. Во овие манифестации како дел од учесниците редовно се јавуваат ученици од училишниот центар “Јосиф Јосифовски“.




почеток
сите права се задржани. ©
УЦ "Јосиф
Јосифовски" 2004