почеток

Е-ШКОЛА
        

УЦ „Јосиф Јосифовски„ од 2003 година се вклучи во проектот Е – Школа. Да се постане Е – Школа треба да е цел на секоја средна школа во Македонија спремна да овозможи нов тип на образование каде што технологијата го помага образованието во чиј центар е ученикот и проектите кои што ќе создадат млади луѓе со вештини потребни да се соочат со предизвиците со кои Македонија ќе се соочи со цел да успее во развојниот процес. На патот кон интеграција со глобалната економија ќе мора да се создаденова работна сила. Овие нови работници и професионалци ќе мора да се оспособат со претприемнички вештини, ќе мора да бидат во состојба да ги решаваат проблемите и пред се ќе мора да бидат поврзани со поширока глобална заедница која што не само што ќе ги прошири нивните знаења, туку и нивната интерактивна способност да изнаоѓаат нови можности и да креираат нови алтернативи за општествениот, културниот и економскиот развој на Македонија.

 

 

 

 

 

Треба да се развие технологија што ќе ги олесни истражувањето и комуникацијата:овој услов подразбира нешто повеќе од компјутерски лаборатории.Она што на  школата ќе и биде потребно е да се разместат компјутери и на други места (во фоајето на професорите, отворена истражувачка просторија, библиотека итн.)Професорите ќе бидат стимулирани да истражуваат со цел да се подготвуваат класови и ученици да се истражуваат теми кои што се поврзани со проекти на кои ќе бидат назначени од страна на професорите. Преку овој нов тип на образование каде што учениците ќе бидат стимулирани да ги развиваат истражувачките вештини и иницијатива, ќе се овозможи да функционира на поефикасен начин.

 

 

 

 

 

 

 

 

Комуникацијата и односите внатре во школската заедница и со другите заедници надвор од школата треба да се стимулираат. Ова може да послужи и за многу различни цели: за поврзување на учениците со нивните професори и советници внатре во школата со цел да се решаваат проблемите, да се испрати нивната домашна задача и да спроведуваат групни истражувачки проекти и комуницирање со други школи од исти причини. Заради то ефект да се има компјутери во школата поврзани за интернет мрежата, ќе биде многу важно да се овозможат услови и да се подобри комуникацијата, да се реализира и да се подобри квалитетот на образованието. Од таа причина пристапот на интернет ќе се смета како приоритет на секоја школа.

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                   

         

Е – Школа во основа е нов тип на школа креирана од средината во рамки на традиционалната, каде што технологијата настапува како подршка на новиот тип на образование. Со цел да се обезбеди потребната средина за да функционира образование во чиј центар се ученикот и проектите.