почеток

 

Природни 

науки Уметност Спорт и 

спортски 

активности Јазици Македонски 

јазик и 

литература

БИОЛОГИЈА

          Во состав на воннаставните активности во УЦ „Јосиф Јосифовски“ повеќе од 15 години активно работи „Друштво на млади истражувачи“. Под раководство на професорите по биологија д-р Митко Караделев и професор Ани Костадинова ученици - членови на ова друштво се занимаваат со научно - истражувачки активности од биологијата. Со нивното активно учество на истражувачките акции на Планика, Караџица, Катланово, Пелистер, Кожуф, и други места во Македонија тие го даваат својот придонес во регистрирањето на растителниот и животинскиот свет во Македонија како и во откривањето на нови растителни и животински видови. До 1998 година најактивните ученици - истражувачи со свои истражувачки проекти беа активни учесници со научно - истражувачката станица „Петница“ на Валевските планини во Р. Србија.
Ученици, членови на „Друштвото на млади истражувачи“ како и од биолошката секција раководена од професорите Марика Лисичкова, Лилјана Андонова и Зорица Лешевска, секоја година учествуваат на „Смотрите на млади истражувачи“ од Македонија во организација на Сојузот на млади истражувачи - наука на младите, каде што секогаш постигнуваат врвни резултати.

1985, Прва награда – област систематика
Емилија Ташкова
Хилда Хаџи-Николова
Тема: “Мицелиум на габи“
Ментор: Митко Караделев
1985, Сараево, Прва награда на Сојузен натпревар
Емилија Ташкова
Тема: “Мицелиум на габи“
Ментор: Митко Караделев
1987 Прва награда - област систематика
Матх Патрик
и Кирил Лисичков
Тема: „Монокотиледони растенија во околината на Гевгелија“
Втора награда на Сојузен натпревар во Цетиње (Црна Гора)
Ментор: Митко Караделев
1991 Трето место - област физиологија на растенијата
Тема: „Анатомско - морфолошки карактеристики на значајните видови во заедницата Coccifero - carpinetum orientalis“
Прошева Роберта и Христо Каркалашев
Ментор: Марика Лисичкова
1995 Прва награда област систематика
Илија Ашиков и Јадранка Хаџи-Николова
Тема: „Декоративни дрвја и грмушки во Гевгелија и околните места“
Ментори: Д-р Митко Караделев и Ани Костадинова
1996 Прва награда - област екологија
Илија Ашиков и Делчо Тончев
Тема: „Екотаксономски карактеристики на ихтифаунатабна Дојранско Езеро, пред и за време на еколошката катастрофа“
Ментори: Д-р Митко Караделев и Ани Костадинова
1996 Второ место - област микробиологија
Тема: „Утврдување на квалитативниот состав на алгината микрофлора од родот BACILLARIOPHYTA во геотермалните води на Негорски Бањи“
Пецова Лилјана и Трифунова Ѓургица
Ментор: Марика Лисичкова
1997 Прва награда - област екологија
Лилјана Пецова
Тема: „Распространување на видовите од одделни групи организми на масивот Шар Планина - габи, растенија, дневни пеперутки и тркачи“
Ментор: Д-р Митко Караделев
1998 Прва награда - област систематика
Емилија Петровиќ и Тања Ќуркчиева
Тема: „Утврдување на квалитативниот состав на претставници од фамилиите монокотиледони растенија - ORCHIDACEAE, LILIACEAE И IRIDACEAE“
Ментор: Д-р Митко Караделев
1999 Втора награда - област микробиологија
Маја Делева и Ќурчиева Олгица
Тема: „Дијагностика и патогеност на бактериите од родот BRUCELLA меѓу хуманата популација во гевгелискиот регион“
Ментор: Ани Костадинова
1999 Прва награда - област систематика
Емилија Петровиќ и Блашко Смилков
Тема: „Компаративен преглед на ихтиофауната (риби) во Дојранското Езеро и реката Вардар“
Ментор: Ани Костадинова
1999 Прво место - област екологија
Тема: „Чист дом“
Ѓорбашлиева Софија и Стојчевски Драган
Ментор: Марика Лисичкова
2000 Прва награда - област микробиологија
Маја Мишкарова и Марија Карајанова
Тема: „Квантитативна анализа на габни хифи во концентрат од домати од фабрика `ЗОРА` - Гевгелија“
Ментор: Ани Костадинова
2000   Трето место - област екологија
Тема: „Зарем тоа сме ние“
Тушевска Борка и Стефанова Лејла
Ментор: Марика Лисичкова
2000/2001 Второ место од областа на микробиологија
Делева Софија и Стаменковиќ Јулија
Tема: „Животен стадиум на винскиот квасец“
Ментор: Андонова Лилјана
2001 Прва награда - област систематика
Марија Минова и Анита Стојанова
Тема: „Медитерански видови дрвја и грмушки во гевгелиско-валандовскиот регион“
Ментор: Ани Костадинова
2001/2002 Прво место од областа на екологија

Андонов Томе и Делева Милена
Tема: „Биолошки индикатори за степенот на загаденост на реката Вардар по течението на Гевгелија“
Ментор: Лилјана Андонова
2002 Прво место
Тема: „Биодиверзитетот на Mollusca во регионот Богданци - Дојран“
Морарцалиева Анита

Ментор: Марика Лисичкова
2004 Второ место на републички натпревар за млади истражувачи од областа на систематизација
Делев Јордан
Попова Загорка
Ментор
: Мара Лисичкова