
УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА

Најголем дел од
книгите се за потребите на наставата по македонски јазик и литература, за
нејзино продлабочување и вистинско оживување. Освен тоа има и книги од
областа на разни други наставни предмети: историја, географија, филозофија,
ликовна уметност, физичко воспитување, биологија, лексикони, речници,
стручна педагошка и психолошка литература за наставниците.
Ако се
разлистат книгите почнувајќи од најстарите изданија па до денешните и ако се
разгледаат печатите на тие книги, може да се забележи целиот историски
развој на Училишниот центар.
Потребата од училишна библиотека, од создавање интерес и навика за читање кај учениците била присутна уште кај првите гимназиски генерации. Се среќаваат книги во кои на последната страница учениците го запишувале своето име, годината и податокот дека тие самите ја подаруваат книгата на училиштето. Веројатно така се оформила училишната библиотека, во почетокот со скромен фонд од книги. Ги поминале тие книги сите премрежја за овој педесетгодишен период и денес, денешните генерации можат во секој момент да ги позајмат на користење. Се среќаваат и книги од кои според печатот може да се заклучи дека порано му припаѓале на Металското училиште со практична обука “Ристо Поп-Ристов“, а по соединувањето со гимназијата “Јосиф Јосифовски“ 1975 година станале дел од оваа библиотека.


почеток
сите права се задржани. ©
УЦ "Јосиф
Јосифовски" 2004