почеток

 

Природни 

науки Уметност Спорт и 

спортски 

активности Јазици Македонски 

јазик и 

литература

АНГЛИСКИ ЈАЗИК

 

 

 

 

Современите текови во светската трговија и глобализација воопшто, ги условуваат сите земји не само да ги следат светските трендови туку и да држат чекор со нив. Со таа цел во учебната 1998 година нашата гимназија се вклучи во проектот Junior Achievenment - Економско образование на младите. Во рамките на проектот, група од 30 ученика од прва година се среќаваа еднаш неделно на блок часови кои беа интерактивно организирани и каде првиот час беше посветен на теоретските аспекти на основите на економијата, а на вториот се работеа вежби од типот решавање на поставен проблем. Проектот беше замислен така што знаењето  и размислувањата од првата фаза да се преточат во пракса и учениците да стекнат вистинско искуство за применливоста на тоа што го научиле. Тие одбраа производ - училишен весник - кој заедно го подготвија и преку кој конкретно беа вклучени во селекцијата на содржини, организацијата на процесот на производство, продажна стратегија, соработка со вонучилишните установи и структури во општината, изготвување финансиски извештаи итн. Втората половина од проектот за учебната 1998/99 година беше во знакот на училишниот весник со кој групата Junior Achievenment од нашиот Училиштен центар се претстави на своевиден саем во Младинскиот културен центар во Скопје каде што освоија и второто место.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                 

 

Најважната придобивка од овој проект кој за следните години не продолжи, беа високомотивираниот став на учениците са создадат производ на креативност и ентузијазам, кој го здогледа светлото на денот и кој беше признаен и пофален од пошироката заедница и национално ниво.

Ментори: Убавка Вегова - наставник по економија
Кристина Пренда - наставник по англиски јазик

2003 Година во рамките на одбелжувањето  на педесетгодишниот јубилеј професорите по англиски јазик организираа англиска вечер со учество и настап на ученици од УЦ „Јосиф Јосифовски“