DSCN3342

Прва дисиминација на проектот„Воведување во е-бизнис“


На 17.3.2017год.(петок) во СОУ “Јосиф Јосифовски“ се одржа првата дисиминација од проектот „Воведување во е-бизнис“ во рамки на програмата Еразмус+.

15390672_1486316991397902_6822809364745856597_n

Проектот опфати двонеделна мобилност во Даблин, Ирска, а партнер организација на проектот е ДРЛ со долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, подобрувањето на бизнис климата и странските директни инвестиции.

15036470_1438643882831880_3125690796825457834_n

Пред почетокот на дисиминацијата директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија, г. Борче Нечевски имаше поздравен говор при што ја истакна  целта на проектот и ги потенцираше стекнатите знаења на учениците за предизвиците на е-бизнисот и клучните моменти од влијанието на технолошките аспекти при изработката на бизнис план.

17439522_1727579710866084_339792511_n

Дисиминацијата се одвиваше во два дела. Во првиот дел се презентираа културолошките аспекти  на Даблин, како и основните предуслови за развивање на е-бизнис стратегија.DSCN3220

Исто така се презентираа клучните елементи на економијата на Ирска, позитивните страни на веб дизајнот, стартап програмите на банката на Ирска, националниот центар за дигитални истраќувања, позитивните можности кои ги нудат стартап викендите во Гугл, како и примерите за успешен е-бизнис план преку искуствата на познати претприемачи од Даблин и нивните пораки до ученциите во рамки на двонеделните работилници и студиски посети.

DSCN3309

Преку успешните примери на  Нјугрејнџ, Хоуф и музејот „Даблина“ се истакнаа  основните предуслови за креирање на е-бизнис е-туристички бизнис и улогата на  е-маркетинг и е-промоција во стратегијатата на е-бизнисот.  Имено, присутните гости имаа можност да ги разберат разликите меѓу традиционалниот бизнис модел и моделот Канвас, позитивните страни од креирање на е-бизнис стратегија со цел да се одговори на барањата на потрошувачите .

DSCN3280

Во вториот дел од презентацијата се презентираа бизнис плановите кои се развиваа во работилниците во Даблин на сите четири тима на ученициите со своја развиена е-бизнис стратегија која беше развиена во рамки на двонеделната практична обука во Даблин.

DSCN33201 DSCN3319

Дисиминација заврши со поттикнување на публиката за инвестирање во идеите како најголем капитал , а воедно извор на иновација и клучен момент на сите човечки проемени и прогрес.

Фотографиите од дисиминацијата се достапни на фејсбук страната на проектот:

https://www.facebook.com/Project-E-business-%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82-%D0%95-%D0%B1%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%81-1390944557601813/

 

 

Comments

comments

Check Also

23515529_1876196122421386_1961936592_n

Прва награда за Атанас Атанасов на јубилејните 50 Детски Рацинови средби

        На 2.11.2017, во Велес, беа одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби. Одбележувањето на овој …

Powered by keepvid themefull earn money