photo

Месец на наука


Од 18 до 20 ноември , во Скопје за првпат се одржа настанот „Месец на науката“, во чии рамки беше и XLI Школа „Млади физичари“. Настанот го организираа Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно – математички факултет и Skopje City Mall.

15135837_1611100795853258_5966259892307737405_n

Манифестацијата беше наменета за ученици од основните и средни училишта и за наставници кои предаваат географија, биологија, физика и хемија. Имаше најразлични активности, како изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти, тест натпревар и предавања. Присутните имаа можност да научат нешто повеќе за ДНК, сеизмологија, ѕвезди, наноматеријали, примена на зрачења во медицината, звукот и неговиот спектар, животот на Марија Кири и слично.

15193620_1611101029186568_6119774376271367256_n

Гостуваа и претставници на невладината организација ГРАСП (Глобална асоцијација на истражувачи за популаризација на науката) кои го претставија нивниот проект „Наука за сите“ предводен од млади македонски истражувачи, распространети насекаде низ светот. Преку својата веб и фејсбук страна со објавување на научни текстови со интерактивна и лесно разбирлива содржина тие се обидуваат да ја доближат науката до луѓето во Македонија.

Настанот се одржа на две места: Природно-математичкиот факултет и Skopje City Mall. Секој регистриран учесник доби сертификат за учество, а најдобрите ученици и нивните ментори добија и дипломи.

Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, учествуваа повеќе ученици и професори. На тест натпреварот, ученичката Мими Филова освои III награда, а Цветанка Солакова и Иван Минчев се здобија со пофалници. Со експерименти пак, се претставија учениците:

– Мими Филова, Слободанка Смилкова oд III година – Спроводливост на алуминиумска фолија, графит и јаглен – II награда, ментор: Рамона Панорова

– Елена Бујановиќ, Цветанка Солакова, Живка Ќаева oд III година – Екстракција на ДНК и набљудување на готови препарати под конструирано микроскопче – III награда, ментор: Андигона Костадинова и Рамона Панорова

– Кристина Митреска од II година – Безжичен пренос на електрична енергија – III награда, ментор: Марија Танева

– Иван Минчев од III година – Добивање на фосфорна киселина – пофалница, ментор: Јулија Марковска

– Лазе Раманчев oд III година – Евтин и еколошки персонален сончев колектор, ментор: Андигона Костадинова

– Александар Стефанов од II година – Бранов апарат – трансверзален бран, ментор: Марија Танева

Comments

comments

Check Also

26166321_1707179099347618_1927672769303485687_n (1)

Новогодишна хуманитарна претстава „Кројач за дами“

Драмската група “Дон Кихот” ја претставува комедијата “Кројач за дами” + музички и хип хоп …

Powered by keepvid themefull earn money