14955781_1437629946266607_1011412510287582019_n

Практична обука во Ирска


Во рамки на проектот„ Воведување во електронски бизнис“ дваесет и седум ученика од образовниот профил економски техничар од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија беа на двонеделна обука во Даблин, Република Ирска. Проектот е дел од програмата Еразмус+ на Националната агенција за  европски програми и мобилност, а како партнер организација е компанијата ДРЛ претставена преку менаџерите Дејвид и Франсиз Бенкс кои имаат долгогодишно искуство во полето на економскиот и социјалниот развој, подобрувањето на бизнис климата и странските директни инвестиции, промоција на извозот, претприемништвото,туризмот и регионализацијата.

14938275_1437630066266595_2764414536282892323_n

Целта на проектот е учениците да се стекнат со знаење за предизвиците на е-бизнис компании и значењето на е-бизнис алатките во подобрувањето на бизнис процесот и пронаоѓањето на нови пазари.

15037112_1449300715099530_3123762072313598712_n

Расел Бенкс и Марк Рабатхан беа главните предавачи на практичната обука, кои со своето долгогодишно искуство во сферата на е-бизнисот придонесоа учениците да ги увидат клучните точки за патот кон успехот на сите оние кои сакаат да започнат со развивање на е-бизнис план. Преку интерактивни и креативни работилници тие се стекнаа со знаење за разликата меѓу традиционалниот бизнис модел и моделот Лин Канвас и како да креираат е-бизнис стратегија со цел да одговорат на барањата на потрошувачите.

14980583_1437627029600232_1216709458555054969_n
15036470_1438643882831880_3125690796825457834_n

Други предавачи на обуката беа искусни претприемачи од различни сфери преку своите искуства ги објаснија предизвиците на е-бизнисот и клучните моменти од влијанието на технолошките аспекти при изработката на бизнис план.  Учениците беа поделени во четири бизнис тима и во текот на изминатите две недели врз основа на темите од практичната обука  ги усовршуваа своите е-бизнис идеи.

15036605_1447178675311734_1234193993194546301_n

14963147_1441299532566315_4824081213173360220_n

14915454_1437958889567046_937118389625933551_n

Програмата на проектот опфати и студиски посети во Гугл, банката на Ирска и бизнис инкубаторот во Даблин. Учениците имаа уникатна можност да се запознаат со структурата, организираноста и начинот на функционирање на Гугл, а воедно да научат за платформата и програмите кои ги нуди Гугл за сите кои сакаат да почнат електронски бизнис. Од големо значење беше присуството на на настанот за почетни бизниси познат како стартап викенд токму поради фактот што најдобрите десет е-бизнис плана имаа прилика да ги убедат потенцијалните инвеститори за успешноста на својата бизнис идеја.  Студиската посета на банката на Ирска и бизнис инкубаторот опфати стекнување на знаење за програмата и консултанските услуги  на банката и бизнис инкубаторот за почетните е-бизниси и придобивките од целокупната соработка меѓу почетните бизниси и овие две институции.

14947447_1440299292666339_348744464262487963_n

15171036_1454512087911726_8522849666951919291_n

14915402_1445323625497239_4603453379299010906_n

15178999_1454538254575776_6669426181997740680_n

15032179_1670936589863730_7208169491433477268_nВо рамки на проектот се реализираа и културолошки посети на музејот Даблина, селцето Хоуф и археолошкиот музеј Нјугрејнџ со цел стекнување знаење за основните предуслови за креирање на е-бизнис е-туристички бизнис и улогата на  е-маркетинг и е-промоција во стратегијатата на е-бизнисот.  Преку проектот исто така се усовршија и  јазичните компетенции на учениците.

15073326_1672392209718168_6266926787904298411_n 15085698_1672391719718217_6634621179470521125_n 15095712_1674079896216066_9036221241728025605_n

15027508_1443927462303522_3703746657957598839_n

После реализираната мобилност се предвидени неколку десиминации на стекнатите знаења и вештини од мобилноста во Ирска, кои ќе придонесат да се симулираат клучните аспекти на електронскиот бизнис и креирањето на успешна е-бизнис стратегија и можноста за прилагодување на програмите за почетен бизнис во Македонија.

Comments

comments

Check Also

23515529_1876196122421386_1961936592_n

Прва награда за Атанас Атанасов на јубилејните 50 Детски Рацинови средби

        На 2.11.2017, во Велес, беа одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби. Одбележувањето на овој …

Powered by keepvid themefull earn money