13220020_1119513881424279_290334797_n

Второ место на регионален натпревар по петанк


Учениците Динова Росана , Иванов Љубомир и Арнаудов Коста од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија  под менторство на професорката Роза Танева го освоија второто место на 8-от по ред регионален натпревар по петанк. Натпреварот е во рамки на спортската манифестација „Pétanque à Bitola 2016″ и е организиран од страна на СОУ „Јосип Броз Тито“ -Битола во соработка со Здружението на професори по француски јазик на РМ и Националната комисија за франкофонија во Македонија.

Натпреварот во петанк се организира во рамки на прославување на деновите на Франкофонијата. Како спортска манифестација  е малку поразлична од другите активности поврзани со францускиот јазик. На оваа манифестација се стекнуваат нови пријателства помеѓу младите франкофони од нашата држава и се изучува вокабуларот поврзан со спортот, особено со петанкот, како и правилата на игра.

13250397_1119514051424262_474095933_n

13220020_1119513881424279_290334797_n

13246021_1119513761424291_1447708744_n

13235805_1119513928090941_1261053579_n

Comments

comments

Check Also

20180219_102340

Награди за најдобар есеј „Ацо Караманов“

На Натпреварот  за најдобар есеј „Ацо Караманов“ учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија ги освоија првите три …

Powered by keepvid themefull earn money