aaa036e4cb16038f90e128d8e39c714f_XL-660x312

СОУ Јосиф Јосифовски на 6 – симулација на европски парламент


Во периодот од 20-ти до 22-ри февруари се одржа шестата национална симулација на Европскиот парламент во организација на меѓународното училиште „НОВА“ , а со поддршка на ЕУ Инфоцентарот, Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и Градот Скопјe.

На настанот учествуваа осумдесет ученици и дваесет професори од дваесет средни училишта кои претставуваа одделни земји-членки од Европската унија. Меѓу нив учествуваше и СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија со ученичките Сања Хоел, Ана Сепетовска и Душица Проданова под ментортство на професорката Александра Митровска. Учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија ја претставуваа земјата –членка Франција.

На шестата симулација беа вклучени комитетот за безбедност и одбрана, комитетот за култура и образование и комитетот за права на жените и полова еднаквост во кои се дебатираше на англиски јазик на актуелни полемични прашања на Европскиот парламент. Учениците имаа задача да истражуваат, подготват говор и да заземат став за темата и притоа преку силни аргументи, докази , умешно јавно говорење на англиски јазик и вештини за преговарање да ги убедат делегатите за својот став.

На вториот ден од настанот учениците дебатираа и донесоа резолуции во своите комитети, а на третиот ден од настанот се одржа Генералното собрние на Европскиот парламент во просториите на Собранието на Град Скопје. Воедно, на финалниот настан говор одржаа: заменик премиерот за евроинтеграции г. Фатмир Бесими, амбасадорот на Шпанија во Македонија г. Рамон Абароа Каранза и директорот на гимнзијата „НОВА“ г. Виктор Новаковски.

Преку симулацијата на Европскиот парламент учениците имаат уникатна можност да ги усовршат вештините за истражување, пишување и јавно говорење на англиски јазик, да го збогатат своето знаење за институциите и легислативата на Европската унија како и да го разберат процесот на дискутирање, дебатирање и размената на мислење за битни теми во рамки на Европската унија.

Comments

comments

Check Also

23515529_1876196122421386_1961936592_n

Прва награда за Атанас Атанасов на јубилејните 50 Детски Рацинови средби

        На 2.11.2017, во Велес, беа одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби. Одбележувањето на овој …

Powered by keepvid themefull earn money