c9b002fe1bb0320831a8ae78670fdb6f_XL

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го прослави 63-от патронен празник


Велат дека дефинирањето на целта е стартна позиција на секој успех. Тенденцијата на јасно зацртување на визијата за усовршување и надградување според дадените потреби и поврзување со постигнатиот резултат е концепт на СОУ „Јосиф Јосифовски“ кој нуди поттик за постигнување квалитетни резултати.

Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија кое постои и работи од далечната 1952 година денес како да слави уште една победа над времето. Надраснувајќи ги периодите на трансформација, со внесување иновативност, креативност и далекугледост на сите фактори кои ја сочинуваат неговата дејност, училиштето секојдневно, и од година во година прераснува во современ центар, средиште на културно-образовната надградба на младите луѓе од нашиот град, нашата општина, па и и пошироко.

„Во училиштето постои тенденција за следење на сите иновативни решенија во образованието, со што би се обезбедила квалитетна настава како првенствена потреба и неопходен предуслов за стекнување повеќе знаење. Училиштето со материјално-техничките средства умешно ги исполнува целите на образованието кои не подразбираат само стекнување на знаења и вештини , туку и развивање на способности за анализирање и синтетизирање на информации на начин кој ќе овозможи флексибилно и ефективно функционирање во денешниот свет. Меѓу бројните факти за потврда на успех се бројните награди добиени на меѓународни, државни, регионални, општински и училишни натпревари, учеството во разни меѓународни проекти со кои стануваме дел од една слика за конкурентно училиште кое продуцира кадри да вршат работни дејности по високи стандарди.

Еден таков пример е Меѓународниот проект за Органски кетеринг кој нашите ученици со нивните ментори мината година ги одведе во Италија, во областа Умбрија, од каде донесоа низа успешни професионални доживувања, а воедно беше прогласен за проект со најдобро спроведена практика. Исто така добивме престижна меѓународна награда на меѓународен натпревар во Република Турција на тема од областа на биологијата што не‘ дефинираше како училиште кое високо котира на индексот на државни средни училишта “- изјави директорот на Средното училиште Борче Нечевски при своето обраќање на свечената програма по повод одбележување на патрониот празник на училиштето.

По повод одбележувањето на патрониот празник гостуваа ученици и професори од училиштето „Михајло Пупин“ од Инџија, со што се продолжи традиционалната соработка со збратименото училиште. Фудбалските екипи на двете училишта одиграа заеднички натпревар. Воедно, по повод патрониот празник беше организирана изложба „Вкусот на различностите“ каде се дегустираше традиционална српска, влашка, турска и македонска кујна подготвена од родителите на учениците од средното училиште, а во рамките на владиниот проект за меѓуетничка интеграција во образованието. Потоа се одржа прекрасна француска вечер подготвена од професорите по француски јазик од средното училиште во која учествуваа ученици од училиштето во Гевгелија со музички и театарски точки. Воедно, беше положено цвеќе на спомен обележјето на патронот – Јосиф Јосифовски, во дворот на училиштето.

Comments

comments

Check Also

23515529_1876196122421386_1961936592_n

Прва награда за Атанас Атанасов на јубилејните 50 Детски Рацинови средби

        На 2.11.2017, во Велес, беа одбележани јубилејните 50. Детски Рацинови средби. Одбележувањето на овој …

Powered by keepvid themefull earn money