9b2c4b44fb86522964124ed80d03c5e8_XL

ПРОЕКТ: „Поврзување, размена и делување“


Општина  Гевгелија и општина Пазин заеднички го реализираа проектот „Поврзување, размена и делување“ финансиран од програмата на ЕУ „Европа за граѓаните“ кој опфаќа унапредување на долгогодишната соработка.  Двете општини ја потпишаа Повелбата за збратимување во Пазин, Хрватска на 14 септември 2015 година.

Проектот официјално започна на 13 септември 2015година кога 45 граѓани од општина Гевгелија имаа можност да бидат дел од петдневни работилници кои имаат за цел унапредување на соработката меѓу двете општини. Меѓу 45 граѓани од општина Гевгелија беа вклучени претставници од локалната власт, образовните институции, културни институции , како и претставници од  бизнис заедницата  од Гевгелија. Средбата на преставниците од Гевгелија и Пазин се одвиваше во петдневни работилници кои опфатија меѓусебно запознавање со програмата  и проектите на двете општини, образовните институции, културните друштва,како  и бизнис секторот на двете општини.

Во рамки на овој проект,се реализира ден посветен на размената на идеите и искуствата во сферата на образованието и спортот.

СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија ги размени своите искуства и знаења со средното училиште  „Јурла Дубриле“ од Пазин. Имено, и двете училишта ги презентираа своите успеси за програмите Еразмус + и Леонардо да Винчи , финасирани од фондовите на Европската унија, кои се отворени и за Хрватска и за Македонија. По презентациите на двете училишта следуваше расправа за пронаоѓање на заеднички точки за идна соработка. Успешното спроведување на проектите од програмата Леонардо да Винчи и Еразмус+,зголемувањто на вештините на учениците и интегрирањето во практиките на ЕУ , следењето на современите тенденции на сите образовни нивоа, модернизацијата на материјално-технички средства како и државните и меѓународните успеси беше доказ за постоење повеќе сличности отколку разлики меѓу двете средни училишта. Сличностите се само почеток за понатамошна соработка со средното училиште „Јурл Добриле.“

Исто така,  се презентираа спортските успеси, програма и развоен план за спортските активности на двете училишта. Имено, се посети и спортскиот објект „Пазин Спорт“ во кој се одвиваат спортски натпревари, се врши подготовка на клубови, се одигруваат рекреативни натпревари, се организириат курсеви , настани и конференции. Презентирањето на организационите единици, програма и идни планови на спортскиот објект „Пазин Спорт“ отвори можност за идна соработка и во сферата на спортот.

Преку размената на искуствата и идеите се врши усовршување на знаењата на двете училишта, и се прошируваат хоризонтите за идна меѓународна соработка. Проектот исто така предвидува размена на културолошките знаења за општина Пазин и општина Гевгелија.

Comments

comments

Check Also

21751408_825415494293058_3311563484805399109_n (1)

 СОУ„Јосиф Јосифовски“ се стекна со Повелба за мобилност за стручно образование и обука 

На 19.09.2017 година в.д. директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г. …

Powered by keepvid themefull earn money