e2bf3b11df0b872112757f1c2fee6e32_XL

Прва дисиминација на проектот „Коњичка индустрија и туризам“


Одржана е првата дисиминација на стекнатите знаења од проектот „Коњичка индустрија и туризам“. Имено, дисиминацијата се одржа во СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија пред родителите на учeниците. Презентацијата се одвиваше во два дела.

Првиот дел се состоеше од презентација на мотото , мисијата, целите, организационите единиците и начин на функционирање на Биотехничка школа „ГРМ“, Ново Место. Исто така, се презентираа стекнатите знаења за развојот на коњите, расите на коњите, користа од коњите, исхраната, негата, подготовката на коњот пред и после јавање, психологија на коњот, пороците во однесувањето и подготовка на кочија за јавање.

Вториот дел од презентациите се однесуваше на бизнис инвестициите тесно поврзани со коњичка индустрија,  и културолошките аспекти на посетените места.

Повеќе фотографии од дисиминацијата се достапни на фејсбук профилot на проектот:

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1658416547777428.1073741864.1502019060083845&type=3

Comments

comments

Check Also

21751408_825415494293058_3311563484805399109_n (1)

 СОУ„Јосиф Јосифовски“ се стекна со Повелба за мобилност за стручно образование и обука 

На 19.09.2017 година в.д. директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност г. …

Powered by keepvid themefull earn money