f710044bf79a4b1f5d8b085e5e5d9711_XL

НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ВО РМ


Со  цел да се популаризира и афирмира спортот и да се глорифицираат успесите на спортистите и спортските клубови, Агенцијата за млади и спорт оваа година додели награди за најуспешни спортисти и спортски клубови.

Во категоријата за најуспешен спортски клуб во делот на средното образование, СОУ “Јосиф Јосифовски-Гевгелија се стекна со награда за најуспешен училишен спортски клуб во Република Македонија за 2015 година.

Освен  категоријата за најуспешен училишенс спорт во основното, средното и високото образование , номинирани беа спортисти  во десет категории. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои  учествуваа во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт

Свеченоста на наградите се одржа на 23 декември 2015 година  во Македонскиот народен театар.

Comments

comments

Check Also

28233566_929345240563284_1870828304_n

ЉУБОВ+ДАР = ХУМАНОСТ

Средношколската заедница при СОУ „Јосиф Јосифовски“ продолжува со хуманитарните активности за помош на наши ученици …

Powered by keepvid themefull earn money