Опрема за настава

Во композицијата наречена образовен систем, ние сме алката која го поврзува младиот човек со идната професија. Неговата определба во средношколските клупи е негова идна патека по која ќе чекори во животот. Колку што повеќе се даваме себеси, како раководен тим, наставници и, пред сè, работници, толку повеќе сме учители на животот, патокази на сообраќајната раскрсница во која влегува ученикот после завршувањето на средното образование.

Модернизацијата во образованието подразбира следење на современите тенденции во сите сфери и на сите нивоа во образованието. Различните стилови на учење и различните видови на интелегенција кои ги поседуваат учениците бараат различни пристапи и активности кои ќе им помогнат да стекнат знаења и вештини, како и да развијат нови способности и вештини за да се изградат во сестрани и успешни личности кои успешно ќе одговорат на предизвиците на пазарот на трудот.

Училиштето располага со следните материјално-технички средства:

  • компјутери – 150
  • LCD проектори – 25
  • Електронски (SMART) табли – 3
  • Работилници за машинска струка – 2
  • Кабинет биологија – 2
  • Кабинет хемија – 1
  • Кабинет физика – 1
  • Кабинет информатика – 1
  • Кабинет музика уметност – 1
  • Кабинет ликовна уметност – 1
  • Апарат за дијагностика по мехатроника – 1
  • Универзален мерен инструмент – 2
  • Бетонски корпи за отпадоци; жардиниери – 8+5

Училиштето со материјално-техничките средства умешно ги исполнува целите на образованието кои не подразбираат само стекнување на знаења и вештини , туку и развивање на способности за решавање на проблеми, анализирање и синтетизирање на информации на начин кој ќе овозможи флексибилно и ефективно функционирање во денешниот свет.

Powered by keepvid themefull earn money