Мисија и визија

МИСИЈА

Мисијата на СОУ ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија ги нагласува целите и приоритетите во работата на Училиштето, а ги содржи нашите вредности, верувања, очекувања и интереси.

Изјава на мисијата

Мисијата на Училиштето е образование заради квалитетна иднина, меѓусебно разбирање и почитување на етичките стандарди, соработка и прифаќање на припадници од различни етникуми.

Ние нудиме образовни услуги кои овозможуваат оспособување на младите за работа и живот, користејќи современа образовна технологија, со што се поттикнува доверба и почитување од нашите ученици и нивните родители.

Нашето училиште применува иновативни, стимулативни искуства и пракса во учењето, со што учениците ќе ја зајакнат индивидуалната ефективност.

Училиштето нуди услови за развивање на интелектот, талентот и социјализација на личноста. Воедно се поттикнува клима на отвореност и заемна поддршка, со што сите асоцирани кон Училиштето ќе бидат вклучени и посветени на училишната мисија. На тој начин Училиштето оформува и понудува здрави и подготвени личности во интерес на целото општество.

Мото – Вратата на иднината се отвора со моќта на знаењето

ВИЗИЈА

Нашата визија е: Училиште кое ќе биде почитуван партнер во заедницата и ќе продуцира успешен кадар за квалитетна иднина, да претставува безбедна средина со пријатна клима за работа на учениците од разни етнички заедници, во која ќе им се даде можност за усвојување нови знаења, развивање на сопствените способности и афинитети и нивна практична примена во животот.

За остварување на оваа визија во Училиштето постои соодветен простор опремен со нагледни средства и информатичко-комуникациска технологија. Преку користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање за да се постигне крајната цел – модерно и современо училиште.

Powered by keepvid themefull earn money