За нас

Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ е лоциран на ул. „Македонија“ бр.1 во центарот на Гевгелија и се простира на површина во делот под згради на 6.582m².

Центарот располага со дворна површина од 13.000m², отворено игралиште за мал фудбал и кошарка со површина од 1.800m². Училиштето располага со ресторан кој служи за изведување на професионална пракса на учениците од угостителската струка, но и за одржување на веселби, семинари, коктели и слично.

За потребите на машинската струка постојат неколку работилници исто така за изведување на професионална пракса. Во сите изминати години на своето постоење, училиштето книжниот фонд го збогатувал со стручна литература која е сместена и класифицирана во училишната библиотека, која денес располага со 10.012 книги.

Powered by keepvid themefull earn money