Библиотека

 Училишната библиотека е библиотека од затворен тип, нејзина основна цел е помагање на вкупниот воспитно-образовен процес и ширење на книжевната, научната и општата култура на учениците. Библиотеката собира, стручно обработува и дава на користење библиотечен материјал потребен на учениците, наставниот кадар и останатите вработени во Училиштето. Книжниот фонд на училишната библиотека се средува според принципот на слободен пристап кон книгата.

Затоа една од задачите на библиотекарот е да му помогне и да го поттикне ученикот не само да се служи со библиотеката, туку и да ја развие неговата свест за значењето на книгата и навиките тие да се чуваат. Училишниот библиотекар изработува правилник за организација на библиотеката, донесува правилник за користење на книжниот фонд, ја следи состојбата во издавачката дејност и во рамките на планираните финансиски средства на Училиштето да се овозможи комплетирање на книжниот фонд според потребите на Училиштето. Библиотекарот е задолжен да врши прием и евидентирање на нови лектирни изнанија и нови учебници, подготвува документација за прием на учебници, прави поделба на учебници по класови и го извршува електронското внесување на новодобиените книги и учебници.

Училишната библиотека моментално располага со околу 4.300 книги (лектирни изданија) кои се наменети за позајмување на учениците од прва до четврта година, како за гимназиските, така и за стручните паралелки. Освен книгите (лектирните изданија) во училишната библиотека има 11.000 учебници кои се доставуваат како во сите така и во нашето училиште со проектот „Бесплатни учебници“, дадени на располагање за сите ученици во гимназиските и стручните паралелки, и стручна литература која може да ја користат сите вработени наставници во Училиштето. Книжниот фонд во училишната библиотека се средува според принципот на слободен пристап кон книгата. Затоа една од задачите на училишниот библиотекар е да му помогне и да го поттикне ученикот не само да се служи со библиотеката,туку и да ја развие неговата свест за значењето на книгите и навиките тие да се чуваат.

Powered by keepvid themefull earn money